| четврток, 6 декември 2018 |

Грција и Русија ќе склучат енергетски договор вреден пет милијарди евра

договор

Грција во вторник планира да потпише енергетски договор со Русија, а во замена Москва ќе и исплати аванс на Атина во вредност од три до пет милијарди евра во рамки на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски Поток“ низ грчка територија, објави интерент изданието на германскиот магазин „Шпигел“.

– Договорот ќе и овоможи на Грција да се справи со сложената состојба во која западна поради одолговлекувањето на преговорите со ЕУ за реструктуирање на нејзиниот државен долг – изјавил за „Шпигел“ неименуван претставник на грчката владејачка Коалиција на радикланата левица (Сириза).

Според наводите на весникот, средствата што ќе и ги исплати Русија на Грција ќе бидат авансен дел од идните приходи на Грција од транзитот на руски газ низ нејзина територија на патот кон средна Европа.

Грачкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, која на 30 март во Москва имаше средби со неговиот руски колега Александар Новак и со директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, пред три дена соопшти дека за следната недела е предвидено потпшување на договор меѓу Грција и Русија за изградба на гасовод низ грчка територија територијата, со кој „Турски Поток“ ќе се поврзе со средна Европа, потсетува ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top