Во катедралата во германскиот град Келн денеска ќе се одржи комеморација за жртвите од несреќата на авионот на „Џерман вингс“, на која ќе присуствуваат околу 1.500 луѓе, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел.
Се очекува дека, покрај семејството на настраданите, на службата во катедралата ќе присуствуваат министрите за сообраќај на Франција, каде што се урна авионот, и на Шпанија, од каде што полета, како и извршниот директор на Луфтханза, Карстен Шпор, пренесува „Би-Би-Си“.
На олтарот во келнската катедрала е поставена по една свеќа за секоја жртва, а знамињата низ цела Германија денес ќе бидат поставени на половина копје.
Пред катедралата се поставени големи екрани за граѓаните да може да ја следат целемонијата, а на скалите пред катедралата ќе биде положено цвеќе.
На церемонијата, која почнува напладне, ќе присуствува и претседателот на Германија, Јоаким Гаук, и министерот за внатрешни работи на Шпанија, Хорхе Фернандес Дијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.