| четврток, 6 декември 2018 |

Педро се сели на „Џузепе Меаца“

Шпанскиот репрезентативец Педро повеќе од сигурно е дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона. Педро, кој целиот свој фудбалски стаж го помина во редовите на каталонскиот гигант, ќе се пресели во Интер.
Медиумите од Италија објавија дека соработката веќе е договорена, а тој од идната сезона ќе заигра на „Џузепе Меаца“.

Интер на крајот од сезоната ќе мора да ѝ плати на Барселона 15 милиони евра и со тоа да го засили средниот ред на својата екипа. Оваа сезона Педро не е прв избор на тренерот Луис Енрике. Тој одигра 18 натпревари и постигна пет гола за Каталонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top