Сексолозите утврдиле дека е возможно врз основа на градбата на женското тело да се утврди каква е жената во сексот.
Иако истражувањата покажале дека високите жени со долги нозе мажите ги доживуваат како сексапилни и здрави, кога ќе ги одведете во кревет, нема да доживеете „огномет“. Не станува збор за тоа дека техниката им е лоша, едноставно, високите жени немаат можност да „лудуваат“ по креветот и не можат лесно да имаат секс на брзина на јавно место. Тоа е незгодно, особено ако мажот со кој е високата жена е понизок од неа.
Нобеловецот Џејмс Вотсон тврди дека полничките жени повеќе уживаат во сексот од слабите. Плус, мажите жените со облини ги доживуваат како подобри личности и проценуваат дека ќе бидат подобри во кревет. Мастите поттикнуваат лачење на ендорфин, а тој ја зголемува сексуалната желба, па дебелките жени се одлични во сексот.
Кај слабите жени нивото на ендорфинот не е толку високо како кај „дебелките“, па со самото тоа не се добитна комбинација. Сепак, едно истражување покажало дека мажите најдобро се покажуваат во кревет кога се со жена што има тенка половина.
Жената со облини, особено ако тие облини подразбираат широки колкови, има тенденција да е многу слободна во креветот. Таквите жени се поподготвени на врска за една ноќ и за незадолжителни забави, затоа што сакаат да експериментираат.
Мажите често сакаат секс со ниски жени затоа што со нив можат да изведуваат „акробации“ кои се незамисливи со високите, а и полесно им е да испробаат различни места за секс. Од научна гледна точка, ниските жени имаат понизок центар на гравитација, што значи дека и најтешките пози им се изводливи и лесни.
Не е тајна дека мажите сакаат импозантно деколте, но жените со мали гради го извлекуваат најдоброто од сексот и предиграта. Зошто? Малите гради се почувствителни од големите. Толку многу стимулации! А колку повеќе е стимулирана жената, толку му е подобро на мажот во кревет.
Едно истражување од 2013 година покажало дека жените со големи гради се попаметни. Иако големите гради се за 24% помалку чувствителни од малите, факт е дека тие жени се доволно паметни за да знаат што точно сакаат во сексот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.