| четврток, 6 декември 2018 |

Валенсија ослабена патува на дербито на „Камп ноу“

Екипата на Валенсија, која се бори за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона пред дербито од Примера дивизија против големиот ривал Барселона, ослабена ќе патува за Каталонија.
Популарните „лилјаци“ имаа проблеми со повредени играчи, а дополнително ситуацијата ја компликуваат играчите од средниот ред Енцо Перез и Пабло Пјати. Нивниот настап е крајно неизевесен, а конечната одлука ќе биде донесена во текот на денешниот ден, кога и двајцата треба да минат низ детален лекарски преглед.

Сепак, добра вест за тренерот Нуно Еспирито Санто е враќањето во составот на левиот бек Хозе Луис Гаја, кој е максимално подготвен по повредата на тетивата.

Желбата за одмазда на играчите на Валенсија е огромна бидејќи тие во првиот натпревар на „Месталја“ загубија со 1-0, и тоа во четвртата минута од судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top