Претседателот на Србија, Томислав Николиќ и членовите на српската делегација која рано утринава тргна во официјална посета на Ватикан на само еден час од полетувањето доживеа вистинска драма и воздухот, над Јадранско Море, кога владиниот авион од типот „фалкон“ се расипал поради што биле принудени да се вратат и принудно да слетаат на аеродромот „Сурчин“.
Делегацијата со претседателот Николиќ полетала околу 8 часот од аеродромот „Никола Тесла“ без никакви проблеми, а авионот претходно бил прегледан. Првиот час од летот поминал мирно, но потоа пилотот забележал проблеми со еден од моторите на „фалконот“, а набргу потоа моторот откажал. Леталото станало нестабилно, почнало да се тресе, а членовите на делегацијата, меѓу кои биле и советниците на Николоќ, поради нагло пропаѓање и понирање на лаеталото почнале, буквално, да летаат по авионот.
– Сè уште сум во шок. На авионот му откажа моторот над Јадран и тогаш почна вистински небесен трилер – изјави советничката за медиуми на Николиќ, Станислава Пак.
Додека членовите на делегацијата се обидувале секој да остане на своето место, во пилотската кабина се одвивала вистинска драма, каде што пилотот и копилотот по секоја цена се обидувале да го спречат падот на авионот и на сите начини да го одржат авионот во воздух. Трагедијата била избегната само за влакно, благодарение на неверојатната присебност и вештината на пилотот и на копилотот.
– Единствено благодарение на големиот професионализам и исклучителното умеење на нашиот пилот избегната е трагедија. Верувајте дека во еден миг буквално паѓавме како камен – вели Пак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.