Познатиот хрватски новинар Горан Милиќ бил многу близу да освои на лото три милиои евра, но морал да се задоволил само со премија од нешто повеќе од 1.000 евра.
– Добив на лото! Веќе седум години играм секое коло Лото 7/39, секогаш истите четири комбинации за осум куни (1 евро= 7,57 куни). И синоќа имав два пати по шест погодоци. Ќе добијам околу 10.000 куни нето. Но, наместо бројот 3 да излезеше 8, ќе добиев 23.000.00 куни нето. Над 3 милиони евра. Што да правам? Дали да се веселам или тагувам – објави долгогодишниот уредник Милиќ на фејсбук.
Многумина негови пријатели и следбеници му честитаа на освоениот износ и му дадоа предлози што да прави со парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!