Охриѓани јасно им покажаа на СДСМ и на Александар Петрески дека не заслужуваат да бидат на власт. Во Охрид победата на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена во околу осум илјади гласови разлика, односно со скоро двојна разлика. Со непризнавањето на овој убедлив пораз, најголемата опозициска партија ги навредува и потценува охриѓани, кои јасно ја дадоа својата поддршка. СДСМ го брани Петрески поради тоа што ја задолжи општината со неверојатни 50 милиони евра, коментираат од владејачката партија.
– Денешната прес конференција на СДСМ во Охрид е практично одбрана на поранешниот градоначалник Александар Петрески, кој е до гуша во криминали и кој ја задолжи општината и јавните претпријатија со над 50 милиони евра. Иако беше убедлива победата на актуелниот градионачалник Никола Бакрачески уште во првиот круг од локалните избори сепак СДСМ започна со одбрана на криминалите на Петрески.
Општина Охрид со долг од точно 33.409.836 евра е, веројатно, најзадолжената општина на Балканот. Локалната власт тешко се справува со долгови кои достигнуваат висина од неколку годишни буџети, со блокирана сметка, секојдневни извршни судски решенија и високи камати. Кога на сето тоа ќе се додадат уште и долговите на јавните претпријатија, вкупната сума надминува 50 милиони евра.
Врховниот суд на Македонија му впиша нов долг од 1,5 милион евра на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Охрид, кое и така се дави во загуби од десетици милиони евра. Долгот е последица на нестручното и неодговорно работење на поранешното раководство поставено од СДСМ.
Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.
Кривичната пријава за екс градононалалникот на Охрид и неговите соработници беше поткрепена со докази на 300 страници. Злоупотреба на јавните набавки, коруптивни афери, местење тендери. Направени и 2 илјади цесии спрема фирмите. Првоосомничениот Петрески давал наредби на вработени во општината дел од побарувањата на доверителите да не бидат книжени. За 7 години од општината до Централниот регистар, Заводот за ревизија и до финансии биле доставени 8 фалсификувани завршни сметки. Се прикажувала помала сума на долгови – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според нивните сознанија, поранешниот охридски градоначалник примил и платил за презентирање на туризам 6 фактури во износ од 1 милион и 110 илјади евра и 3 фактури од 840 илјади денари за дополнителни материјали за промоција. Во 2005 и 2007-та без тендер во вредност од 20 милиони денари е направена јавна набавка за крпење на ударните дупки. Во 2008-та нов договор од 3 ипол милиони денари и еден анекс од еден милион за улични рабници што не се реализирал, а исплатени 11 милиони и 567 илјади денари.
Во 2011-та уште една злоупотреба на јавна набавка за хоризонтална сообраќајна сигнализација. Општината била задолжена 1 милион денари од фирма блиска на Петрески. Петрески перел пари преку негов близок и за јавна набавка тешка 1 ипол милиони евра за изградба на улица во населбата Бај Бунар , која никогаш не била направена. Примил и поткуп од 12 илјади евра.
Вкупниот долг што го оставил екс градоначалникот на Охрид Петревски е 50 милиони евра. Од нив 34 милиони евра е задолжена само општината, а останатиот долг е на Јавните претпријатија. Од општината информираат дека таа плаќа дневна камата од 14 илјади евра за извршени судски решенија.Досега од затекнатиот долг се вратени 4 милијони евра. Нови долгови не биле направени. Општната работи со блокирана сметка, а функционира со дозволена рамка од судот за исплаќање плати и основни трошоци -додаваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.