| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија: Сомнителен случај на ебола

ебола

Во Клиничкиот центар во Љубљана е хоспитализирано лице со сериозни симптоми на ебола, соопшти денеска директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле.

На прес-конференција во Љубљана, Стрле нагласи дека станува збор за словенечки државјанин, кој пред враќањето во татковината престојувал во една африканска држава каде еболата е се уште активна.

Примероци од пациентот, кој бил хоспитализиран вчера со висока температура и други симптоми на еболата, се испратени на анализа. Првичните резултати од анализата се можни уште во текот на денов, а конечните ќе бидат познати за неколку дена.

Како што јави ФЕНА, ова е прв серозен сомнеж за можна појава на ебола во Словенија, по неколкуте „лажни“ сомнителни случаи кон средината на минатата година.

Според Стрле, здравствената состојба на пациентот во моментов се оценува како добра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top