На 16 април (недела) со почеток во 17 часот ќе биде прикажан последниот балет од сезоната 2014/15 на Бољшој. Љубителите на балетот ќе можат да го погледнат директниот пренос на „Иван Грозни“ во киното „Синеплекс“.
Неодамна оживеан, „Иван Грозни“ е суштински дел од репертоарот на балетот, класика на 20 век и прекрасно театарско искуство. Беше голем предизвик за рускиот маестро Григорович да го постави на сцената, но од самите почетоци балетот бележеше големи успеси. Иван Грозни постана пример за балет во советската ера, балет со најкомплексните машки ролји на репертоарот. Ретко се изведува надвор од Москва и е возбудливо визуелно искуство. В недела, харизматичниот солист Михаил Лобухин ќе ја одигра улогата на Иван Четврти, цар на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.