| четврток, 6 декември 2018 |

Путин повторно одговара на прашања на граѓаните преку студиото на „Директна линија“

vladimir-putin-zapadyt-moje-da-naloji-novi-sankcii-292424

Рускиот претседател Владимир Путин од студиото на „Директна линија“ во комплексот „Гостиниј двор“ денеска повторно ќе одговара на прашањата на граѓаните, а целиот настан директно се емитува на повеќе радија и телевизии во земјата.

Во претходната недела беа собрани 2.486.000 прашања за шефот на државата, многу повеќе отколку пред една година, пренесе ТАСС.

„Директна линија“ се пренесува од телевизиите „Прв канал“, „Русија 1“, „Русија 24“, и од радиостаниците „Мајак“, „Вести ФМ“ и „Радиото на Русија“. На веб-сајтот на емисијата и на јавната телевизија е обезбеден и превод за глувонеми.

Во студиото се поканети политичари, јавни лица и херои . Меѓу гостите посебни покани им се упатени на поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, и филмскиот режисер Карен Шахназаров.

И гледачите во студиото, исто така, ќе имаат можност да поставуваат прашања, но главното внимание ќе им биде отстапено на прашањата од обичните граѓани, кои на Путин ќе ги поставуваат водителите.

Во различни региони од земјата има поставено мобилни студија, од кои се очекуваат директни вклучувања со учество на луѓе од провинцијата.

Нема прогнози колку овој пат ќе трае разговорот на Путин со жителите на федерацијата. Рекордот на „Директната линија“ е од 2013 година, кога Путин на прашањата одговараше 4 часа и 48 минути. Минатата година разговорот траеше 3 часа и 56 минути, напомена ТАСС.

Денешната „Директна линија“ е 13-та за Путин откако ги зазема двете највисоки позиции во руската држава: претседател и премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top