Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Европската унија во Скопје, Аиво Орав, соопшти денеска партиската прес-служба. Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и интеграцијата на земјата во ЕУ.
Ахмети истакнал дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза. Европската комисија, според него, треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но, исто така, и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни.
Лидерот на ДУИ нагласил дека Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните со цел да се надмине политичката криза.
– ДУИ е одговорна партија и работи за интересите на сите граѓани и на државата, определена да биде дел од решението, а не дел од проблемот. Политичката криза влијае на очекувањата на граѓаните за стабилна, безбедна Македонија, интегрирана во НАТО и да ги започне преговорите за членство во ЕУ, со добри меѓуетнички односи и добрососедството, како и оптимални услови за одржлив економски развој. Политичките партии треба да сторат сè што можат за да се фокусираат на остварување на очекувањата на граѓаните, но и да покажат подготвеност за да се осигура стабилноста и демократскиот капацитет на националните институции за да се справат со политичка криза – стои во соопштението од ДУИ по средбата Ахмети – Орав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех