| четврток, 6 декември 2018 |

Хурем Султан во мај се сели во Македонија

хурем

Турската актерка, која моментално живее во Берлин, ќе снима во Македонија. На сетот во Македонија, најверојано, ќе ја поведе и едногодишната ќеркичка Лара, но не знае дали со неа ќе дојде и нејзиното ново момче Озан Ѓувен.

На ѕвездата на турската серија „Сулејман Величествениот“ партнер во новиот проект ќе ѝ биде актерот Мурат Јилдирим (36), Демир од познатата серија „Аси“. Филмот ќе почне да се снима кон почетокот на мај во Македонија, а продуцентите сѐ уште не ги откриваат локациите на снимањето.

Мерјем Узерли (31) се радува што се враќа на работа, а наместо серија избрала филм поради помалку напорното темпо на работа.

Таа од неодамна е во врска со Озна Ѓувен (39), кој во „Величествениот“ го глумеше Рустем-паша.

хурем2

Тие со години се познаваат зошто и двајцата растеле во Германија, но се вљубиле од неодамна. За врската молчат, но пријателите велат дека е сериозна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top