Во Битола ноќеска, неколку часа по полноќ се опожарени две возила на улицата „Михајло Андоновски“.
Од Територијалната против пожарна единица – Битола информираат дека информацијата за пожар на возила пристигнала околу 2 часот, и веднаш на паркингот на улицата „Михајло Андоновски“ била испратена екипа за брза интервенција.
– За жал, во пожарот целосно е уништено возило марка „мазда“, додека со ширење на огнот опожарено е уште едно возило марка „опел астра“. Благодарение на брзата интервенција на нашите пожарникари спречивме ширење на огнот, кој можеше да предизвика покатастрофалнипроследици бидејќи на паркингот има многу возила, со различно гориво, бензин, нафта или гас, истакна Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.
За два дена, ова е втор случај на опожарување на две возила во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.