Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ја објави намерата да ги олесни процедурите за издавање украински пасоши и за давање азил на странците, посебно на Русите, кои, според него, се прогонувани во нивната земја, пренесуваат француските медиуми.
Порошенко „ планира да ги иницира законските измени“ во украинската нормативна уредба за да ги олесни процедурите што во моментов се премногу сложени, информира прес службата на претседателот.
Шефот на државата ова го кажа при врачувањето на украински пасош на новарка од руско потекло која живее во Украина, а која за украинските медиуми информирала за анексијата на Крим од Русија во март 2014 година, прецизира прес службата.
Украина, каде рускиот јазик нашироко се користи во медиумите и чии односи со Русија во моментов се наоѓаат во тешка криза, е популарно место за Русите кои му се противат на режимот на претседателот Владимир Путин. Некои од нив во Украина остануваат привремено, се додека не побараат политички азил на Запад, забележуваат француските медиуми.
Во 2014 година 130 Руси побарале азил во Украуна, но само тројца од нив успеале да го добијат, покажуваат податоците на локалното претставништво на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.