| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанка со толчник го претепала сопругот

Семејна расправија за малку ќе завршела со трагедија, откако вчера во Штип жена со толчник жестокот го нападнала својот 70-годишен сопруг.

Во кавга, жената со толчник жестоко го нападнала сопругот, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар, и притоа повеќе пати силно го удрила во главата, по што старецот се онесвестил.

Итно бил префрлен на хируршкото одделение во штипската Клиничка болница, каде и се освестил. Лекарите утврдиле повеќе силни удари, но за среќа на двајцата, повредите не се тешки.

На мажот А.В., имајќи ја предвид неговата возраст, му било предложено болничко лекување, меѓутоа, според болнички извори, тоја на своја одговорност ја нашуштил болницата ја напуштил неколку часа подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top