Старица на Геронтолошкиот завод „13 ноември“ му должи 10.000 евра, а нема кој да ја посети ниту да ги плати долговите кон установата каде добива 24 часовна нега. Семејството ја сместило болната мајка во болницата, пензијата и имотот го присвоиле и ја заборавиле. Таа и финансиски и емоционално е злоупотребена од најблиското семејство.
Според информациите на zdravstvo24.mk, таа е само една од стотината стари и беспомошни пациенти од геријатрија на кои фамилијата им свртела грб и не им ги плаќаат трошоците.
-Како средина се декларираме како конзервативни, христијани кои ги почитуваме и негуваме семјните вредности. Но не е така. нашата установа е таква каде најлошите аспекти на човечкиот карактер излегуваат на површина. Сведоци сме на тешки семејни драми. Најчесто станува збор за нефункционални семејства – вели за zdravstvo24.mk д-р Ленче Нелоска директор на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 ноември“.
Над 10 милиони денари е долгот што ополномоштени семејсвта треба да го платат на Геријатрија за негата на нивните блиски. Во судска процедура се 139 предмети. Од установата помош побарале и од социјалните центри. Пациентите не можат да ги исфрлат на улица, а нивните деца не можат да ги најдат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.