Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика за флексибилност од страна на Европа при решавањето на проблемот со грчката должничка криза, пишува весникот „Нафтемборики“.
– Европа треба да се однесува флексибилно при решавањето на грчката должничка криза и тој чекор треба да биде направен не само од чувство на солидарност, туку и заради општиот интерес. Доколку пропадне еден, пропаѓа целиот систем, јас сум уверена во тоа – рече Могерини.
На отварањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во германскиот град Лобек, Могерини изјави дека останатиот дел од Европа треба да сфати дека тоа не е едноставно прашање, кое ја засега само Грција.
Таа додаде дека Унијата треба да биде флексибилна не само поради солидарност, туку пред се поради заедничкиот интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција