Легендарниот британски рок бенд „Whitesnake“ доаѓа во Скопје како дел од нивната светска турнеја, информираат од „Авалон“ продукција. Концертот, кој ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ на 25 ноември 2015 година, веќе е запишан во листата на концерти и на нивната официјална веб-страна.
На оваа турнеја „Whitesnake“ ќе го промовираат својот нов „The Purple Album” кој во продажба ќе биде од 19 мај.
Влезниците за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17 април, а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .
„Авалон“ продукција освен во Скопје е организатор на концертите на Whitesnake и во Белград l 22.11.2015 – сала Пионир и Загреб l 21.11.2015 – КЦ Дражен Петровиќ (Цибона).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.