Според првичните информации, авионот при слетувањето удрил во комуникациска антена, а потоа се излизгал неколку стотици метри и се завртел за повеќе од 90 степени во лоши временски услови со дожд и магла.
По снимките емитувани во среда на јапонската телевизија, парчиња од шест метри високата антена се распрскале по тлото, а левото крило на авионот било оштетено.
Сите 73 патници и осум членови на екипажот биле евакуирани преку безбедносните тобогани. Никој не настрадал потешко, но 25 патници и двајца членови на екипажот заработиле повреди.
„Азија Ерлајнс“ соопшти дека во инцидентот биле повредени 18 луѓе.
Според новинарските извештаи леталото кое пристигало од аеродромот Инчеон близу Сеул летало прениско додека се доближувало до аеродромот, но Министерството за сообраќај во Токио не ја потврди оваа информација.
Аеродромот Хирошима е затворен за сообраќај и речиси сите летови се откажани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



