| четврток, 6 декември 2018 |

Српската полиција ги злоупотребува имигрантите и барателите на азил

азил

Српската полиција извршува злоупотреба и малтретирање на лицата кои бараат азил и на имигрантите во Србија, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

Во соопштенето објавено на сајтот на таа организација, со седиште во Њујорк, се наведува дека преку интервјуа со имигрантите и лицата кои бараат азил дошла до информации за насилните напади, закани, навреди, уцени, одбивање на давање специјална заштита за деца без придружба на возрасни, како и групи испраќања на имигранти назад во Македонија.

Освен тоа некои семејства и деца без придружба на возрасните изјавиле дека се одбиени кога сакале да се регистрираат како барачи на азил, како и дека спијат надвор на голем студ.

– Српските власти би требало да ги штитат лицата, кои бараат азил и имигрантите, вклучувајќи ги децата, кои бегаат од војни и протерувања, а не да и дозволуваат на полицијата да ги злоупотребува. Властите треба итно да ја спречат полицијата да применува закани и злоупотребување и лицата кои се смешани во тоа да ги повика на одговорност – изјави иследникот од ХРВ Емина Черимовиќ.

ХРВ во периодот меѓу ноември минатата година и јануари оваа година спровела испитување на 81 имигрант и лице кое бара азил, меѓу кои и 18 деца, на повеќе локации во Србија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top