| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја повлекува од Атина својата експертска група за брзо реагирање

еу

Европската унија одлучи да ја повлече од Атина својата експертска група за брзо реагирање (Task Force), која имаше за цел да и помогне на Грција при обновување на државната администрација и привлекување повеќе средства од европските фондови, пишува весникот „Та Неа“.

Одлуката на Брисел е донесена откако грчката Влада ја одбила соработката со оваа експертска група.

Инаку, групата е составена од околу 50 експерти и таа ќе биде ангажирана со мисија во друг сектор на Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top