| четврток, 6 декември 2018 |

Книгата „Спомен за Скопје“ на книжевна манифестација во Париз

На 10-ти и 11-ти април во Париз се одржа петото издание на книжевната манифестација „Салон на балканската книга“. Овој културен настан ги соединува писателите, поетите и историчарите од балканските земји со цел презентирање на нивната издавачка продукција од порано, но и сегашната.

На овој настан беше поканет да учествува и Бехиџудин Шехапи во својство на државен секретар во Министерството за култура, но и како историчар на уметноста, автор на неговата книга „Спомен за Скопје“. Тој ја претстави оваа посебна книга, прирачник за патување низ временската пловидба и реликвија во која е собрана душата на нашиот извонреден град. Тоа е колаж од разгледници и фотографии на некогашното Скопје, колекција на фотографски емоции, кои истовремено разкажуваат и посебни интересни приказни, убави и значајни сами по себе.

На оваа презентација, организирана како тркалезна маса, учествуваа Јордан Плевнеш како писател и Панче Велков како архитект, а модератор беше Фроса Пејоска Бушеро, професорка на францускиот национален Институт за ориентални јазици и цивилизации, каде што, всушност, и се одржа оваа значајна книжевна манифестација. Како гостин, присуствуваше и познатиот сликар Омер Калеши.

Претставувањето на Скопје беше збогатено со прикажувањето на изложбата на фотографии насловена „Скопје денес“ на францускиот фотограф Жереми Букхолц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top