| четврток, 6 декември 2018 |

„Гимназијада“ по петти пат

Петтата по ред културна манифестација „Гимназијада“ во чии рамки ќе бидат одиграни пет претстави ќе започне денеска во Салон 19,19. Во реализацијата се вклучени околу 150 ученици од скопските средни училишта. Подготвуваат претстави по сопствено сценарио, режија, сценографија, костимографија, сценско движење, актерска игра и музика.

Првата „Гимназијада“ се одржа во април 2009 година. Досегашните четири манифестации имаа вкупно 345 учесници, а ги следеа 3.380 гледачи и за секоја претстава се бараше карта-повеќе.

Проектот е на КИЦ, се одржува петти пат и ќе трае до 6 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top