| четврток, 6 декември 2018 |

За пожарот во Којник осомничен 33-годишен велешанец

pozar1_0

Илустрација

Ј.Ј. (33) од Велес е осомничен дека го предизвикал синоќешниот пожар во куќата во која живеел во велешки Којник, соопшти полицијата. Тој со пожарот предизвикал општа опасност.

Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во стар дел од куќа на улица „Кирил Пејчиновиќ“ бр.13, во месноста Којник во Велес, а во која живеел осомничениот.

Во пожарот од керамидите на покривот излегувал силен оган и имало опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите и соседните куќи кои се залепени една до друга во густо населениот Којник.

Сепак, со брзата интервенција на пожарникарската екипа од Противпожарната единица од Велес пожарот по два часа бил целосно изгаснат, велат од велешката полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top