| четврток, 6 декември 2018 |

Во последното деноноќие убиени шестмина украински војници

укарина

Шестмина укрански војници загинаа, а 12 други се ранети во изминативе 24 часа во напади на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина и покрај прогласеното примирје, соопшти денеска портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко.

– Ситуацијата во зоната на конфликтот останува нестабилна. Непријателот извршува вооружени напади насекаде долж линијата на фронотот – нагласи Лисенко.

Во исто време и сепаратистичките лидери ги обвинија украинските сили за неконтролирани напади врз позциите на сепаратистите.

ТАСС јави дека претставници на Мисијата на ОБСЕ, кои биле придружувани од руски новинари, биле изложени на напад од снајперски оган од страна на припадници на украинските сили.

При нападот, кој траел околу половина час, нема жртви или ранети меѓу претставниците на ОБСЕ и новинарите.

Претходно денеска новинар на руската телевизија Ѕвезда се здобил со сериозни повреди на главата и едната нога, откако нагазил на поставена мина кај селото Широкине. Новинарот е хоспитализиран во болница во градот Новозавовск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top