| четврток, 6 декември 2018 |

Комета над Скопје (фото)

kometaСкопското астрономско друштво објави фотографија на која со голо око се гледа комета  над Скопје. Снимена е пред да зајде зад падините на Шар Планина.

– Кометата со голо око изгледаше како мала ѕвездичка замачкана во едната насока и видливоста на опашката беше помала од четвртина аглов степен, но, сепак, со очигледна разлика од која било друга ѕвезда и навистина изгледаше возбудливо по наутичката квечерина. Имавме одлични временски услови, добар сјај на кометата и во добра позиција над хоризонтот, а со тоа и четириесетина минути активно набљудување и фотографирање – велат од астрономското друштво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top