Многумина ја сметаат Елвира Набиулина, која се наоѓа на чело на Централната банка на Русија, за најмоќната жена во земјата. Таа успеа да им се спротивстави на сите притисоци и ризикуваше за да ја постави руската рубља на реално ниво.
Кога кон крајот на минатата година руската рубља почна да варира и да паѓа, многумина беа подготвени да кажат дека санкциите кон Русија, поради вмешаноста во украинскиот конфликт, даваат резултати. Русија се соочи со опасност кога станува збор за стабилноста на рубљата. Но, колапсот, на кој многумина се надеваа, не се случи.
Не дадоа резултат ниту санкциите со кои земјата се соочи, а сето тоа благодарение на педесет и едногодишната банкарка која ја спаси руската економија. Таа не дозволи да подлегне на паниката што владееше во Кремљ, а покрај заканите, одби да употреби средства од резервите за спас на рубљата.
Чекаше и ризикуваше да употреби други средства, а трудот на крај се исплатеше. Рубљата почна да се враќа на реално ниво. Која е жената што успеа да го „спаси“ Путин од голема економска криза?
Таа била една од најдобрите студентки на Економскиот факултет во Москва. Во периодот на доаѓањето на Путин во Кремљ, 2000 година, работела во Центарот за стратешки одлуки, а потоа се вработила во Министерството за економски развој. Во 2007 година станала министер за економски развој и трговија, а во 2013 година е назначена за гувернер на Централната банка на Руската Федерација.
Малку се знае за нејзиниот приватен живот, нејзиниот сопруг Јарослав Кузминков е директор на Вишата економска школа, а заедно го имаат синот Василиј.
Во 2014 година магазинот Forbes ја прогласи за една од најмоќните жени во Русија, а се најде на седумдесет и втората позиција на листата најмоќни жени во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Седна на местото на Путин, а тој спонтано повлече шмекерски потег!(видео)
-
Вицот на Путин го насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД (видео)
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)