| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен грабеж на млад скопски таксист

Вчеравечер во 20,30 часот во Скопје, три засега непознати лица извршиле разбојништво над К.Л.(32) од Скопје, возач во такси компанија, при што му одзеле околу 22.000 денари и мобилен телефон.

МВР денеска соопшти дека сторителите се качиле во такси возилото, по што побарале такси услуга од населбата Карпош до ул.„Вуковарска“. Кога пристигнале на крајната дестинација, едно од лицата извадило нож и му се заканил на возачот, додека другите две лица му ги одзеле парите и телефонот и заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top