| четврток, 6 декември 2018 |

Од Велес кон Скопје 20 километри колона возила

колонаСо завршување на празничните неработни денови, километарски колони возила се забележани на повеќето патни правци, како и на патарините во земјава.  На автопатот Велес – Скопје доцна попладнево колоната возила е долга речиси дваесет километри. Застојот почнува од Велес, кај приклучокот каде се спојуваат автопатот од Гевгелија, и магистралниот пат од Штип, кон Скопје.

На патарината кај селото Отовица, нема поголемо задржување, работат сите наплатни рампи. Сепак, од патарината, до месноста Пуста кула, повторно се формира колона, поради тоа што сообраќајот е дозволено да се одвива само по една лента. Од месноста, колоната, со мали прекини, продолжува до тунелот пред Катланово, до каде сè уште се одвиваат поправки на дел од коловозот.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на сите патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини за влез во Република Македонија има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top