Руски инспектори ќе ја посетат локацијата каде што се одржуваат воените вежби на НАТО во Шкотска, изјави за новинарите Сергеј Рижков, раководител на Националниот центар за намалување на нуклеарниот ризик, пренесува „Интерфакс“.
Тој изјави дека инспекцијата ќе биде извршена од 13-16 април, согласно Виенскиот документ за безбедност и мерки за изградба на доверба.
„Областа во северна Шкотска ќе биде домаќин на вежбите „Здружен воин“ за војници од Белгија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска, Турција, Обединетото кралство и Соединетите Држави“, ги цитира зборовите на Рижков Министерството за одбрана нa Русија.
Инспекторите ќе ги посетат предвидените места за да го проценат обемот на воените активности.
Тие ќе ги посетат местата за обука и ќе бидат брифирани од локалната команда за тековните воени активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.