| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово доби уште една црква посветена на Христовото Воскресение

Митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, денеска, во сослужение со свештениците од епархијата, ја освети црквата на градските гробишта во Куманово.

Свештеникот Драги Стојановски изјави дека храмот е изграден на темели на стара руинирана трпезарија каде што 40-тина години се извршувале парастоси, од средината на 30-те години во минатиот век.

– Верниците отсега ќе имаат молитвен дом од каде што достоинствено ќе ги испраќаат блиските во вечниот живот, рече протоереј ставрофор Стојановски.

Изградбата на храмот почна на 25 април минатата година. Досега, на градските гробишта во Куманово, немаше храм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top