Новиот скопски православен храм „Св. Константин и Елена“, кој започна со изградба на 11 ноември 2012 година, наскоро ќе биде завршен. Градежните работи околу црквата и нејзината 50 метри висока камбанарија се во поодмината фаза и веќе се изведуваат декорации на фасадата, пишува „Билд“.
Kамбанаријата ќе има едно големо централно ѕвоно тешко 8,3 тони и уште 11 помали, а врз неа ќе биде поставен крст висок 7 метри. Самата црква е висока 29 метри и врз неа е предвидено да биде поставен крст висок 5 метри. Инвеститор е фондацијата „Св. цар Константин“, а градежните работи ги изведува скопски „Бетон“.
Повеќе фото на „Билд“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.