| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро готова црквата „Свети Константин и Елена“ (ФОТО)

2

Новиот скопски православен храм „Св. Константин и Елена“, кој започна со изградба на 11 ноември 2012 година, наскоро ќе биде завршен. Градежните работи околу црквата и нејзината 50 метри висока камбанарија се во поодмината фаза и веќе се изведуваат декорации на фасадата, пишува „Билд“.

 1

Kамбанаријата ќе има едно големо централно ѕвоно тешко 8,3 тони и уште 11 помали, а врз неа ќе биде поставен крст висок 7 метри. Самата црква е висока 29 метри и врз неа е предвидено да биде поставен крст висок 5 метри. Инвеститор е фондацијата „Св. цар Константин“, а градежните работи ги изведува скопски „Бетон“.

Повеќе фото на „Билд“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top