| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за одговорниот во „Цира“

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.С.(43), одговорно лице во Здружението-Центар за институционален развој „Цира“-Скопје за затајување.

Во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година пријавениот во својство на одговорно лице во рамките на реализација на програмата „Форуми во заедницата“ во општина Штип финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, противправно присвоил 2.400.000 денари во корист на Здружението, а кои средства имал обврска да ги исплати на сметката на општина Штип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top