| четврток, 6 декември 2018 |

Попладне нестабилна облачност со краткотраен дожд

Метеоролозите за денеска во Македонија најавуваат претежно сончево и топло време. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните и северните делови. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени, додека максималната температура ќе изнесува од 15 до 21 степен.

И во понеделник попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. До среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top