Пет лица загинаа, а најмалку 76 се повредени во голем шумски пожар, кој избувна во република Хакасија, која се наоѓа во јужниот дел на Сибир.
Во седум населени места во републиката огнената стихија е локализирана, но во 14 борбата со огнот продолжува.
Пожарот им причини штета на 118 куќи во овие градови и села.
Два авиона и еден хеликоптер се ангажирани за гаснење на огнот, во што се вклучени и 1.000 пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.