| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден градежник од Тетово по пад од објект во градба

градба

Ш.И. (47) од Тетово денеска се здобил со тешки повреди на главата и скршени вратни пршлени по пад од висина од околу четири метри додека работел на балкон на објект во изградба на улицата „146“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, повредениот во бесознание и со здобиените тешки повреди околу 10:10 часот бил донесен во Клиничката болница во Тетово од каде по укажаната лекарска помош останал во бесвесна состојба и како итен случај бил испратен на скопските клиники.

-Полицијата изврши увид на местото од инцидентот, каде утврди дека Ш.И. работел заедно со уште едно друго лице од Требош на објектот кога од засега неутврдени причини загубил рамнотежа и паднал на земја од висина од околу четири метри. Се работи  на утврдување на околностите како и зошто Ш.И. паднал и се здобил со сериозните повреди- изјави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top