| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес ги вознемири граѓаните на Сараево

Силен земјотрес ги вознемири граѓаните на Сараево утрово во два часот по полноќ. Епицентарот бил бо гратчето Пале, кое се наоѓа дваесетина километри југоисточно од главниот град на Босна и Херцеговина (БИХ), а потресот се случил на длабочина од два километра во земјината кора.

Според информациите од БИХ земјотресот бил со силина од 4,1 степени по Рихтер, додека во епицентралното подрачје биле измерени шест степени по Меркалиевата скала.

Потресот траел неколку секунди и според интезитетот може да се смести во категоријата на најмоќните земјотреси во последните неколку години. Нема информации за жртви или за некоја поголема материјална штета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top