| четврток, 6 декември 2018 |

Лекции кои може да ги научиме од децата

И покрај тоа што правилото: „Иксуството и знаењето доаѓа со годините“ е апсолутно точно, сепак има некои работи кои родителите можат да ги научат од своите деца.

Сите сме биле деца, а овие правила се кријат некаде длабоко, само ние мораме да го разбудиме „детето во нас“!

Успорете го темпото

Бебињата и малите деца најчесто се движат споро. Наместо да очекувате да го фатат вашиот ритам и забрзаат, вие адаптирајте се на нивниот.

Така ќе сфатите порелаксирано да гледате на предвидените рокови и планови, кои најчесто се непотребни.

Скратете ја „ to do“листата

Животот поминува додека ние планираме. Децата не потсетуваат дека треба да ја задржиме флексибилност и да останеме отворени за можностите, кои ни ги пружа животот, а кои често не ги забележуваме држејќи се за плановите.

Верувајте во чуда

Чудата се случуваат секој момент. Децата се присутни во моментот и затоа можат да ги забележат. Возрасните често се заробени во своите мисли и навики и многу често се слепи за благословите кои се одвиваат пред нивните очи.

Најдете време за игра

Колку повеќе старееме, се помалку си играме. А играта е форма на терапија. Време кога можете да се препуштите на забави и мечтаења. Затоа секој ден најдете врме за игра или уште подобро за играње со децата.

Уживајте во моментот

Токму сега, овој момент никогаш нема да се повтори! Не дозволувајте минатото или иднината да ви ја украдат таа убавина.

Смејте се

Не го фаќајте животот пресериозно, насмејте се на непријатните ситуации. Секако ќе поминат.

Излегувајте надвор-секој ден

Природата може да биде исцелувачка гозба за вашите сетила. Набљудувајте ги децата кога се надвор. Тие ја забележуваат секоја ситница, секој звук, поглед, мирис….уживајте во природата!

Спиење 

Одете рано на спиење и будете се рано.

Научете нешто ново

Децата континуирано учат, така се развиваат и растат.<

Во ред е некогаш да зависите од други

Добро е кога се знае дека секогаш имате некој од кој можете да побарате помош кога ви е потребно.

Прегратката е исцелувачка

Не постои подобар начин за олеснување на болката од утехата од саканите личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top