Забраната на комунистичките симболи заедно со нацистичките во Украина не само што уште повеќе ќе го оддалечи Киев од Москва, туку може и уште повеќе да го продлабочи расколот во украинското општество, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Законот против комунистическата симболика беше одобрен од Врховната рада веднаш откако претседателот Петро Порошенко ја посети масовната гробница на жртвите на советските репресии во близина на Киев и изјави дека Сталин ја започнал Втората светска војна заедно со Хитлер. Изедначувајќи ги улогите на лидерите на СССР и на нацистичка Германија, Порошенко со самото тоа испровоцира спорови на таа тема, истакнува изданието.
Сега Украина може да стане уште повеќе поделена. Регионите на истокот го делат позитивниот став на Москва за советското минато. Меѓутоа многу националистички настроени Украинци се стремат да ја отфрлат советската историја за да се спасат, како што претпоставуваат тие, од влијанието на Русија и сакаат да го следат примерот на поранешните комунистички земји во Централна и Источна Европа, се вели во статијата.
Москва ја осуди изјавата на Порошенко и изрази жалење по повод новиот закон кој беше донесен еден месец пред прославата на победата на СССР над фашистичките агресори. Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриj Песков изјави дека „…поради таквите изјави многу ветерани овие недели кои му претходат на јубилејот, ќе празнуваат со солзи во очите“, наведува весникот.
Притоа е нејасно како законот за забрана на комунистичката симболика ќе делува во земјата каде уште од советско време остана огромен број споменици, како и имиња на улици и реони. Така, минатата година, кај проруски настроените Украинци предизвика негодување отстранувањето на спомениците на Ленин. Лидерот на Комунистичката партија на Украина Петро Симоненко ги нарече таквите дејствија „цинични“, кои „грубо ги кршат уставните права на граѓаните“, потсетува изданието.
Врховната рада во четвртокот донесе закон за забрана на комунистичкиот и национал-социјалистичкиот (нацистичкиот) тоталитарен режим и нивната симболика. Законот предвидува дека пропагирањето на комунистичкиот и национал-социјалистичкиот (нацистички) тоталитарен режим и нивната симболика од страна на правно лице, политичка партија, печатено средство за масовна информација претставува основа за одземање на регистрацијата и прекин на нивната дејност.
Извор: Руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина