| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со честитка за Велигден до верниците на Евангелско-методистичката црква

По повод големиот христијански празник Велигден, премиерот Никола Груевски испрати честитка до претседателот на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија,Емил Заев и до сите верници на Евангелско-методистичката црква.

evangelsko-metodisticka500

-Ми претставува чест и задоволство на овој пресветол ден, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Христијанскиот празник – Велигден.Воскресението Христово е момент на најголема радост на верниците. Овој празник е порака до целиот човеков род дека надежта за спасение не е залудна, дека неговата љубов за сите нас не познава граници, а неговата милост не прави разлики на еден човек од друг. Да се сака, да се простува, да се помага и на блиските и на незнајните е најдобриот начин да се оправда неговата вербата во човештвото. Живеењето на живот во кој се следат правилата кои се испишани во Светото писмо е придобивка и позитивен пример за живот исполнет со љубов, меѓусебно почитување, милосрдие кон другите и солидарност. Следењето на овие принципи се и човечки и цивилизациски придобивки кои носат подобар живот, сплотување и напредок.Упатувајќи срдечни честитки, Вам и на сите верници Ви посакувам среќни и благословени празнични денови исполнети со радост, среќа и благодат, се вели во честитката на Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top