| четврток, 6 декември 2018 |

Се обидел да поткупи полицаец и добил притвор

Во текот на вчерашниот ден, пет минути по полноќ, во Стар Дојран, Б.Г (36) од Р.Албанија, откако предходно го нарушил јавниот ред и мир со викање и карање, му пристапил полициски службеник и му побарал документи за идентификација.

Истиот извадил банкнота од 20 евра и сакал да му ја стави во џебот од кошулата на полицискиот службени.

Откако полицискиот службеник одбил Б.Г. повторно се обидел, по што е приведен во полициска станица  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “давање поткуп“.

Од страна на судија во предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top