Четири турски војници се ранети во судири на југоисток во државата со припадници на Курдистанската работничка партија.
Војската во регионот Агри испрати хеликоптери, авиони за извидување и единица командоси бидејќи во таа област продолжуваат судирите.
Армиските сили биле нападнати од заседа.
На југоисток во Турција од 1984 година трае вооружен сепаратистички бунт на ПКК во кој досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Тие бараат широка автономија за 15 милиони Курди кои живеат во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.