| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ се врати на паркетот со 5 поени за 13 минути

Перо Антиќ повторно се врати на паркетот по инцидентот и апсењето во Њујорк, и постигна пет поени во триумфот на Атланта од 104-80 над Шарлот.

Популарните „јастреби“ ја прокнижија 60. победа сезонава, што е рекорд за нив во клупската историја. Антиќ одигра 13 минути на паркетот и забележи 5 поени, со два скока и една асистенција.

Најефикасен во тимот на Атланта беше Мускала со 17 поени, а Корвер забележа 16 поени. Хоукс одамна го освоија првото место во Источната конференција, а вкупно во плејофот ќе бидат втор фаворит според бројот на победи и порази зад Голден стејт вориорс.

Резултати: Атланта – Шарлот 104-80, Орландо -Торонто 99-101, Бруклин – Вашингтон 117-80, Кливленд – Бостон 90-99, Детроит – Индијана 103-107, Њујорк никс – Милвоки 91-99, Хјустон- Сан Антонио 103-104, Њу Орлеанс – Феникс 90-75, Оклахома- Сакраменто 116-103, Денвер – Далас 143-144 (по две продолженија), Јута – Мемфис 88-89, Лос Анџелес лејкерс – Минесота 106-98.

pero-antic-interview-600

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top