| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пакистан убиени 20 работници

pakistan

Вооружени напаѓачи упаднале во саботата наутро во работнички камп во југозападен Пакистан и убиле најмалку 20 луѓе, објавија локалните власти.

Регионалниот функционер Пасанд Кан Буледи рекол дека работниците спиеле за време на нападот кој се случил по два часот наутро во покраината Балучистан.

Ниедна група засега не ја презема одговорноста за овој напад, но познато е дека етничките милиции ги обвинуваат работниците од другите региони дек ги искористуваат природните богатства на Балучистан. Во февруари осум работници од Пенџаб беа убиени на живинарска фарма во истата покраина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top