| четврток, 6 декември 2018 |

Бигорскиот манастир подготвено ги чека верниците

Bigorski-reportaza-11

Се прават последните подготовки за вечерната служба за Христовото воскресение – Велигден во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, каде се очекува присуство на голем број верници и граѓани

Уште од почетокот на страсната недела во Бигорскиот манастир престојуваат голем број верници. На овој верски празник во манастирот присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на земјата и од странство. Некои од нив остануваат во Бигорскиот манастир и по неколку денови.

Христовото воскресение вечерва ќе биде дочекано и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар каде, како и во сите храмови на МПЦ – ОА, ќе се одржи саботна ноќна богослужба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top