Рускиот претседател Владимир Путин е на првото место на светските лидери на листата на највлијателни луѓе кои ги објави „Тајм“, врз основа на он-лајн анкета на читатели. Според резултатите, рускиот лидер добил 6,9 отсто гласови.
Папата Франциско добил 1,5 отсто гласови, потоа следи Обама кој е на 14. место. Кинескиот претседател Кси Џинпинг и германската канцеларка Меркел не се во првите 20 бидејќи освоиле само по 0,9 отсто гласови.
Конечните резултати од јавното гласање ќе бидат објавени в понеделник додека изборот на уредниците на Тајм ќебиде претставен на 16 април. Неделникот „Тајм“ излегува од 1923 година, а листата на 100 највлијателни луѓе се објавува од 1999 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.