Во Здравствен дом Крива Паланка секоја сабота од 8 до 15,30 часот доктори-специјалисти од областа на невропсихијатрија и оториноларингологија, ќе вршат амбулантски прегледи. Во Здравствен дом Виница исто така секоја сабота специјалист-ортопед и специјалист по оториноларингологија ќе прегледуваат пациенти во истиот термин. Од Министерството за здравство соопштија дека термините во системот „Мој термин“ се веќе отворени и матичните доктори можат да ги упатуваат пациентите на специјалистички прегледи во Здравствен дом Виница и Здравствен дом Крива Паланка.
Според податоците од системот „Мој термин“, изминатиот период од ЗД Виница имало вкупно 2.789 упати за специјалистички прегледи по ортопедија, кои не можеле да се реализираат во градот од причина што нема специјалистичко консултативна амбуланта од оваа област, додека од областа на оториноларингологија вкупно 1.756 упати за специјалистички прегледи во други градови.
Исто така, податоците од „Мој термин“ покажуваат дека во изминатиот период од ЗД Крива Паланка имало вкупно 1.361 упат за прегледи од областа на оториноларингологија и 1.072 упати од областа на невропсихијатрија, за кои пациентите биле упатувани во најблиската општа болница или на скопските клиники.
Од Министерство за здравство информираат дека почнувајќи од денеска, во Валандово се воведува уште една специјалност – оториноларингологија, за која веќе е ангажиран доктор-специјалист од општа болница Кавадарци и се креирани термини за закажување амбулантски прегледи во системот „МојТермин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пороен дожд во Виница, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар
-
Ќе се надградува „Мој термин“, докторите ќе имаат повеќе време за пациентите
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“