| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово еден загинат, а четворица ранети во вооружена престрелка

Еден починал, а четири лица се здобиле со повреди од кои две со посериозни повреди откако вечерва околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект „Бар Код“ во Тетово.

До инцидентот дошло откако непознато лице отворило оган од огнено оружје при што се повредени 4 лица од кои две со посериозни повреди итно се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а останатите две лица се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово. Причината за расправијата е најверојатно поради девојка најверојатно Според неофицијални и се уште непотврдени информации кои кружат во Тетово, убиецот е од селото Боговиње.

Од МВР официјално ја потврдуваат оваа информација и велат дека нивните екипи веќе се на терен и дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе детали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top